Во пресрет на дуелот меѓу САД и Босна и Херцеговина во шеснаестинафиналето на Светското првенство, американската ТВ водителка Aбигејл Велез предизвика бројни реакции со својата изјава за противникот.
Говорејќи во емисија на „ABЦ“, Велез призна дека не знае речиси ништо за Босна и Херцеговина, а потоа испрати и провокативна порака.
„Едно знам за Босна, не би знаела ни да ја покажам на карта. Не знам ништо за Босна и не сакам да знам. САД се врати и сме подобри од кога било. Подгответе се, Босно, затоа што ова нема да ви се допадне“, изјави Велез.
Босанците до нокаут фазата стигнаа како една од осумте најдобри третопласирани селекции, откако освоија четири бода во групата Б. Од друга страна, Соединетите Американски Држави го освоија првото место во групата Д со шест бодови и со големи амбиции го очекуваат елиминацискиот натпревар.