72
„Старата Дама“ забележа три важни бода во трката за титулата откако славеше на гостувањето кај Торино во „Дерби дела Моле“.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Алекс Сандро, Бразилецот имаше нова улога и играше како лево крило.
Клучниот момент се случи во 33. минута, Бернардески продре по десната страна и уфрли топка во срцето на петерецот каде Алекс Сандро само постави нога за 0-1.
„Бјанконерите“ потоа рутински ја одржуваа предноста во продолжението од мечот и не му дозволија на противникот посериозно да се закани.
Мал пех за Алегри е тоа што Гонзало Игуаин се повреди по само 15 минути игра.