Аке: Сите мислат дека сум син на Гулит, а јас не сум ни гледал негови натпревари

by
1 минути читање

Аке кој во првиот дел од сезоната беше позајмен на Борнмут важи за голем талент а доказ за тоа е понудата која ја одби Челси во последните денови од преодниот рок, Борусија Дортмунд се обиде да го купи за 20 милиони евра.

Аке физички многу наликува на Руд Гулит, а нив ги поврзуваат уште неколку работи, двајцата се Холанѓани, играле и за Феенорд и за Челси.

„Каде и да одам слушам како луѓе зборуваат „Еј, тоа е синот на Гулит“. Секако, Гулит во Холандија сите го познаваат, но јас не сум ни гледал негови натпревари. Премногу сум млад“ – вели Аке за Дејли Мејл.

Тој е роден во 1995 година, а Гулит фудбалската кариера ја заврши во 1998 на 36 годишна возраст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани