1,8K
Репрезентативецот
на „Аѕурите“ вчера истакна дека посакува да игра за Барселона и посочи дека
„Каталонците“ се единствениот клуб за кого е спремен да го напушти ПСЖ.
Сега се огласи и
неговиот агент, кој испрати ултиматум до „Светците“, велејќи дека ПСЖ мора да
покаже дека е способен за триумф во Лигата на Шампионите или во спротивно
неговиот клиент ќе замине.
„Нашата цел е
иста како и секогаш, да се освои Лигата на Шампионите со ПСЖ, тоа е и
амбицијата на клубот” –
вели Донато Ди Кампил.
„Не се работи за
тоа дека Марко по секоја цена сака да замине, едноставно има голема желба да го освои овој
трофеј”.
„И доколку тоа не е
можно во ПСЖ, тогаш ќе стори тоа на друго место”.