Бастони: Не спиев по финалето со Сити, подобро да загубевме 10-0 отколку на тој начин!

by 24 фудбал
1 минути читање

Алесандро Бастони се присети на едно од најтешките искуства во неговата кариера – финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, каде Интер беше поразен од Манчестер Сити со 1:0. Во големото интервју за подкастот „The BSMT“ на Џанлука Газоли, дефанзивецот на Интер откри колку длабока трага оставил тој натпревар врз него.

Тоа финале го преживував ужасно. Не можев да спијам нормално, постојано ги сонувам акциите од натпреварот. Најмногу ме измачуваше мислата – ќе добијам ли уште една шанса да играм вакво финале?“ – откри Бастони.

Иако Интер одигра квалитетен натпревар против фаворизираниот Сити, судбината ја одлучи голот на Родри. Токму поради тоа, чувството на пораз беше уште потешко за варење.

Искрено, ќе прифатев и да загубиме со 10-0 наместо вака – со чувство дека можевме да победиме. Таа неизвесност, тој сомнеж дали некогаш повторно ќе бидеш дел од финале – те јаде одвнатре. Никогаш не сум ги гледал ниту снимките од мечот, премногу боли.

Две години подоцна, Бастони и Интер повторно се во трка за европската слава, а болката од Истанбул останува главен мотив да се стигне чекор подалеку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×