Фудбалелрите на Ал Наср се радуваа во дербито против Ал Ахли (2-3) во 20. коло на саудиската Премиер лига.
Резултатот на „Кинг Абдула“ во Џеда го отвори Џон Дуран со првиот свој погодок во 32. минута. На стартот на вториот дел имаше интересна ситуација, поништен беше гол на Мајраши, а црвен картон доби Мохамед Симакан бидејќи удри ривал со лакт.
Интересно беше што тренерот Стефано Пиоли го замени Кристијано Роналдо во моменти кога се кршеше натпреварот во 76. минута. Одлуката на Пиоли дојде по консултација со првата ѕвезда и веројатно договор да се уфрли дефанзивец во игра бидејќи тимот е со десетмина. И покрај тоа Ајван Тони само две минути подоцна донесе израмнување за Ал Ахли.
Ronaldo taking one for the team because the manger wanted to play another defender being 10 men down pic.twitter.com/dhRtizBw5S
— A (@lconicCristiano) February 13, 2025
Сепак, за гостинска радост се погрижија Јахја кој ја врати предноста во 80. минута (1-2) и Џон Дуран со вториот гол за 1-3. Во завршницата резервистот Ал Набит ги постави конечните 2-3.