78
Марио Балотели по неколкугодишна пауза се врати во италијанската Серија А и потпиша со Џенова до крајот на сезоната.
Искусниот италијански напаѓач во претходното коло дебитираше за новиот клуб, а дебито ќе го памети по тоа што за неколку минути направи жолт картон. За ситуацијата да биде поинтересна, слична беше приказната и на вториот меч на Балотели за Џенова.
Во ремиот со Комо контроверзниот фудбалер влезе во игра во 72 минута, а веќе во 79 одново доби јавна опомена. Јасно е дека некои фудбалери едноставно не се менуваат…