Предводникот на Арсенал, Микел Артета, отворено зборуваше за спорните ситуации во поразот од Интер (1-0) во Лигата на шампионите.
Прво „топчиите“ не добија пенал откако Јан Зомер во лет го боксува Микел Мерино веројатно без да ја допре топката. Потоа пред крајот на полувремето токму Мерино несреќно играше со рака и домаќините добија пенал.
„Мислам дека беше бевме оштетено и тоа на очигледен начин. Ако едното беше пенал, двете беа пенал. Особено ако се досуди играта со рака на Мерино, тогаш другата стуација е 100% пенал.
За мене Мерино немаше што да направи во ситуацијата, беше преблизу и немаше како да ја тргне раката, но добро го досудија. Сепак, за да се одржат маргините тогаш мораше да има пенал и по ударот на Зомер во лицето на Микел“, смета Артета.
Арсенал одигра моќна партија, го надигра ривалот во целост и беше апсолутно подобар, меѓутоа затаи реализацијата.