„Маракана одамна не била вака распродадена, да имавме капацитет од 150.000 ќе беше исто“

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда во Лигата на шампионите ќе ја дочека Барселона. Натпреварот на славната Маракана ќе се одигра пред полни трибини, а за тоа зборуваше генералниот директор Звездан Терзиќ.

Оперативецот на Звезда зборуваше за огромниот интерес за билети за мечот од целиот регион. Тој смета дека дури и стадинот да имал 150.000 капацитет, ќе бил исполнет.

Ова одамна не се случило стадионот да се распродаде на овој начин. Сигурен сум дека ако имавме капацитет од 150.000 навивачи сигурни бе се продале сите билети. Веќе со денови нема карти. Многу луѓе од регионот, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија сакаа да ја гледаат Барселона. Мислам дека тоа успешно го избегнавме, сакавме добра атмосфера и што е можно повеќе навивачи на Црвена Звезда“, изјави Терзиќ.

На „Рајко Митиќ“, како што е официјалното име на стадионот се очекуваат околу 53.000 навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани