14
Матеј Цветаноски од редовите на Железничар одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за пласманот на неговиот тим во осминафиналето во Купот на Босна и Херцеговина.
Цветаноски во 1/16 финалето во кое Железничар победи со 0-3 учествуваше во сите три погодоци. Двапати македонскиот фудбалер асистираше за Филип Дангубиќ, додека во последните минути и самиот ја погоди противничката мрежа.
На натпреварот за Железничар настапи и вториот Македонец во овој тим, Мартин Мирчевски.