Баерн со пет различни стрелци го декласираше Бохум (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Баерн Минхен

Баерн Минхен се врати на врвот на табелата во Бундеслигата, избраниците на Компани попладнево со убедливи 0-5 славеа на гостувањето кај Бохум.

По поразот од Барселона во Лигата на шампиони, Баерн Минхен се рехабилитираше со триумф над Бохум со убедливи 0-5.

Олисе го отвори резултатот со гол од слободен удар, а десетина минути подоцна Мусиала зголеми на 0-2.

Кејн во 57. минута погоди за 0-3, а потоа следуваа два прекрасни погодоци, прво Сане со лева пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-4, за потоа Коман на сличен начин од спротивната страна пласираше со десна за 0-5 и пет различни стрелци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани