Џек Грилиш открива дека му должи 500 фунти на Трент Александер Арнолд откако се обложил со десниот бек дека нема да погоди од слободен удар против Финска.
Англија синоќа со 1-3 славеше на гостувањето кај Финска, еден од погодоците беше дело на Трент Александер Арнолд, кој маестрално реализираше од слободен удар.
Џек Грилиш открива дека поради ова должи 500 фунти, кои сигурно ќе ги плати со задоволство.
„Пред да шутира, на шега му реков дека ќе му дадам 500 фунти ако погоди, и тој стрелаше прецизно во аголот, па сега ќе треба да му платам“ – вели Џек Грилиш со насмевка на лицето, кој исто така се запиша во листата со стрелци против Финска и голот го посвети на својата ќеркичка Мила.
Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.