Тренерот на Динамо: Баерн е страшен, но не смееме да се криеме!

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб својот европски пат во главната фаза на Лигата на шампионите ќе го започне против Баерн во Минхен. Средбата на „Алијанц Арената“ ќе биде тешка за момците од Хрватска, меѓутоа со сигурност нема само да се предадат.

На прес-конференцијата пред натпреварот своите очекувања ги изнесе тренерот Сергеј Јакировиќ.

Пред нас е одличен натпревар против голем ривал. Баерн е страшна, добро склопена екипа. Ги анализиравме, не знаеш од каде да тргнеш колку се квалитетни. Нашите амбиции не смеат да престанат со тоа што сме се пласирале во Лигата на шампионите. Повеќето од натпреварите ќе бидеме подредени. Јасно е колкава е моќта на Баерн. Се надевам дека ќе можеме да парираме во некои делови.

Ќе биде интересно да видиме дали можеме да ги загрозиме. Важно е да уживаме и да не се криеме. Утре ќе одлучиме како ќе играме. Има малку слабости и во играта на Баерн. Кејн има премногу слобода, тој се спушта ниско, а другите напаѓачи го покриваат просторот. Мора добро да комуницираме за да ги затвориме сите тие просторчиња“, изјави Јакировиќ.

Во Минхен шанса за настап ќе чекаат двајца македонски фудбалери, а тоа се Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани