Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус решил да го продаде Никола Секулов на Сампдорија и да прокнижи нови 2 милиони евра ќар.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Секулов се сели во Серија Б, во редовите на Сампдорија и ќе игра под раководство на Андреа Пирло.
Тој денеска присигнал во Џенова, каде ќе треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да го финализира трансферот.
И покрај тоа што имаше најави дека Никола Секулов ќе биде испратен на позајмица, се работи за перманентен трансфер.
Медиумите шпекулираат дека се работи за сума од 2 милиони евра, плус процент од следна продажба.
Со оглед на тоа дека Никола Секулов потекнува од школата на Јувентус, ова ќе биде чист ќар од 2 милиони евра со кои ќе се балансираат сметките.