Екипата на
Јокохама славеше со 1-2 на гостувањето кај Саган во шестоот коло од групата „Б“
од Купот на Јапонија.
Нашиот
интернационалец Давид Бабунски учествуваше со одлична асистенција во победата
на својот тим, тоа го направи во 64. минута од мечот во Тосу каде му асистираше
на Португалецот Хуго Виеира, кој ги постигна двата гола за победничкиот табор.
Бабунски го одигра целиот меч за Јокохама во Тосу.
Бабунски досега
одигра 11 натпревари за Јокохама, притоа постигна и 2 погодоци.
Екипата на
Јокохама со тоа стигна до третата победа во групата „Б“ од Купот на Јапонија, со
освоени 9 бода на четири кола до крајот на групната фаза, моментално е на третото
место во својата група со отворени шанси за прогрес во плејоф рундата. Само
првите две од групата ќе се пласираат во натамошната фаза.