Селекторот на
најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го
објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари во Скопје,
контролката со Турција на 5. jуни, односно дуелот од мундијалските квалификации против Шпанија на 11. jуни.
„Прво во фокусот
ни е дуелот со Турција, одиме чекор по чекор, тоа ќе биде дополнителен мотив за
сите фудбалери. Она што би сакал во овој момент да го истакнам е дека не смееме
однапред да се предадеме, мораме да се бориме, сите треба да го дадат
максимумот во репрезентацијата“ истакна Ангеловски.
Селекторот на
Македонија додаде дека составот е речиси ист од минатиот пат, повторно не се
повикани фудбалери од репрезентацијата за играчи до 21 годишна возраст бидејќи
тие имаат други обврски, но затоа тука се младите Елиф Елмас, Амел Рустемовски,
Јани Атанасов и Дарко Чурлинов кој веќе дебитираше во сениорскиот состав на
пријателскиот меч со Белорусија.
Првиот собир на
сениорите е предвиден за 30. мај.