Амел Рустемовски,
суперталентираниот член на Грасхоперс доби повик од селекторот на Македонија,
Игор Ангеловски, за настап на пријателскиот меч против Турција во Скопје на 5. јуни,
односно за мундијалскиот квалификациски меч со Шпанија, шест дена потоа, исто
во главниот град на нашата земја.
Познато е дека 16
годишниот Рустемовски имаше компликации околу настапите за нашата
репрезентација во младинските категории, но тоа не беше единствен случај во
однос на релација Грасхоперс-Македонија. Сличен беше и случајот со мега
талентираниот Никола Ѓорѓев, сепак, во овој момент се чини дека работата околу
Рустемовски е завршена, на радост на сите љубители на македонскиот фудбал.
Дека ова можеби е
долгоочекуваното подмладување на нашиот национален тим, говори и фактот дека
Ангеловски, покрај Рустемовски, шанса за дебитирање во сениорскиот состав ќе им
укаже и на 17 годишните Јани
Атанасов од Академија Пандев, односно Елиф Елмас од Работнички, кои исто така се
повикани за претстојните два натпревари.
Во составот се најде и 16 годишниот Дарко Чурлинов од Келн, кој на пријателскиот дуел со Белорусија во Скопје стана најмладиот фудбалер кој заиграл за нашиот сениорски национален тим.
Дуелот со Турција
ќе биде вистински тест пред спектаклот во Скопје против Шпанија на 11. јуни, во
шестото коло од квалификациската група „Г“ за пласман на Мундијалот во Русија
идната година.