Ријека со
вчерашната победа над Цибалија од 4-0 на домашен терен ја завери
титулата во Хрватска, со пет бода предност во
однос на Динамо Загреб, на едно коло до крајот на шампионатот.
Според
информациите кои ги пренесуваат хрватските медиуми, се вели дека раководството
на новиот шампион во Хрватска одлучило да не се штеди во однос на наградувањето
на фудбалерите.
Шпекулациите
велат дека дел од фудбалерите на Ријека ги очекува премии до неколку десетици
илјади евра, додека дел од најплатените во тимот ќе добијат премии и до 50
илјади евра.
Стефан Ристовски
и Леонард Жута одиграа одлична сезона за тимот од „Кантрида“, Жута одигра 32
натпревари, додека Ристовски 30, за жал и двата дефанзивци не успеаа да
постигнат гол во првенството на Хрватска.
Наредната среда
се игра и големото финале од Националниот Куп на Хрватска, каде ќе се сретнат
Динамо Загреб и Ријека, па ова ќе биде нова можност за титула на нашите
интернационалци.