Вардар ја победи Ренова, Работнички во Тетово го завери пласманот во Европа

by
1 минути читање

Вардар ја оправда улогата на фаворит против Ренова и запиша уште една победа без примен гол, овој пат од 2-0.

Ренова одолеваше се до 54. минута кога Барсегјан погоди за 1-0, а десет минути подоцна Балотели ги постави конечните 2-0.

Поразот на Ренова добро му дојде на Работнички кој со реми на гостувањето кај Шкендија на две кола пред крајот обезбеди место во квалификациите за Лига Европа.

Работнички со головите на Маркоски и Вуковиќ имаше водство и од 2-0, но Радески со два погодоци во финишот донесе бод за Шкендија.

Победа со 4-2 ја победи Македонија Ѓорче Петров, Шкупи со 3-0 славеше над Брегалница, Силекс и Пелистер одиграа нерешено 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани