Ријека викендов
игра натпревар за историја, на домашен терен против Цибалија на „Кантрида“ може
да ја завери долго очекуваната титула и со тоа да испише нови страници во
клупската историја.
Хрватското
издание на „Гол“, посвети посебна тема за сензацијата во најава, па така
пишуваше за тајните на оваа екипа во соблекувалната, како и се што е непознато
за првакот во најава на Хрватска.
Меѓудругото, во
сторијата се обрна внимание и на најборбените во тимот, за тоа се издвои
изјавата на капитенот на тимот, Мате Малеш, дадена за „Вечерњи“ минатиот месец.
„Кој е најборбен
на теренот? Прво би го издвоил Вешовиќ, па Ристовски, Шофранац… Но, секој
играч има свој стил“ изјави капитенот на Ријека во тогашното интервју.
Сепак, Ријека не
би била во позиција да атакува на шампионската титула доколку во своите редови
го немаше македонското дефанзивно дуо, нашите репрезентативци Стефан Ристовски –
Леонард Жута, тие се најстандардните фудбалери на тимот од „Кантрида“ и во
голема мера му помогнаа на својот клуб да стигне до неверојатен успех, кој во
недела треба да се завери.
На две кола до
крајот во Хрватска, Ријека има пет бодови предност во однос на Динамо Загреб во
борбата за титулата.