Шампионот на
Македонија, екипата на Вардар и годинава ќе игра во квалификациите за пласман
во елитното европско клупско натпреварување.
Нашиот
претставник во ова натпреварување стартува од втората рунда во квалификациите, каде
се приклучуваат 29 екипи, покрај петте екипи од најслабо рангираните лиги кои
ќе го минат првото коло.
Со оглед на тоа
што 17 парови ќе бидат познати по ждрепката на 19. јуни, делумно се познати
носителите, односно неносители, според коефициентите кои клубовите учесници ги
имаат од УЕФА.
Селтик (Шкотска)
е прв носител во второто коло со вкупен коефициент од 42.785, по него следат
Салцбург (Австрија), Копенхаген (Данска), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија),
АПОЕЛ (Кипар), Марибор (Словенија), Карабах (Азербејџан), Малме (Шведска),
Астана (Казахстан), Партизан (Србија), Розенборг (Норвешка), Хапоел Бер Шева (Израел).
Во групата на
носители сигурно ќе биде сместен и шампионот на Хрватска, моментално во
најдобра позиција за шампионската титула таму е Ријека, тимот од „Кантрида“ има
коефициент од УЕФА со 15.550, што значи дека е веднаш под Партизан во однос на
позициите.
Вардар со
коефициент од 5.125 се наоѓа во друштво на екипите кои се неносители во второто
квалификациско коло, па така ќе добие противник од екипите кои се дел од
групата на носители.
Првиот натпревар
Вардар би го играл на 27. или 28. јуни, додека реваншот би се играл на 4. или пак
5. јули.
Како за
потсетување, Вардар лани во второто квалификациско коло загуби од хрватски
Динамо Загреб со вкупен резултат од 3-5, со пораз на гости од 3-2, односно дома
со 1-2.
Фото: ФК Вардар