68
Екипата на
Ријека, во чии редови настапуваат македонските репрезентативци, дефанзивците
Стефан Ристовски и Леонард Жута, славеше на гостувањето кај Славен Белупо со
0-2.
Со оваа победа на
две кола до крајот, тимот на Ријека има пет бода предност во однос на Динамо
Загреб, евентуална победа во следното коло против Цибалија на домашен терен, ќе значи и шампионска титула.
Ристовски и Жута
го одиграа целиот меч за победничкиот табор, исто како и напаѓачот Мирко
Ивановски кај домаќините.