Енис Барди ќе се докажува во Лигата на шампионите со Шахтјор?

by
2 минути читање

Унгарските медиуми пренесуваат дека Шахтјор и Динамо Загреб пријавиле интерес за ангажман на македонскиот интернационалец од редовите на унгарски Ујпешт, Енис Барди, кој наредниот месец ќе биде дел од младинската репрезентација на Македонија на Европското Првенство во Полска.

Не се споменуваат цифри околу евентуалниот трансфер, меѓутоа познато е, барем според релеватниот извор „трансфермаркет“ дека Барди моментално котира мошне солидно на трансфер пазарот во Европа, па така неговата вредност изнесува околу 700 илјади евра.

Од друга страна, претпоставките се дека нашиот младински репрезентативец би можел да си замине од Ујпешт за сума од околу 6 до 10 милиони евра, познато е дека раководството не сака ниту да слушне за негово заминување, за што и самиот Барди неколку пати јавно говореше. 

Шахтјор ја освои титулата во украинскиот шампионат, тимот од Доњецк е недостижен на првото место, додека пак, Динамо Загреб се чини дека ќе го загуби шампионскиот трофеј во Хрватска.

Шахтјор е директен патник во Лигата на шампионите за следната сезона, за Динамо Загреб е се поизвесно дека ќе игра во Лига Европа.

Младиот, 21. годишен играч од средниот ред сезонава настапи на 27 првенствени средби во Унгарија, притоа постигна 11 погодоци за својот тим.

Ујпешт не успеа да се избори за излез во Европа следната сезона, откако во елитното унгарско прволигашко друштво моментално се наоѓа на седмото место на табелата, со десет бода заостанување зад третата позиција. Во Унгарија преостануваат уште само две кола до крајот на првенството.

Извор: www.infosport.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани