Трите македонски претставници во квалификациите за европските купови ќе ги дознаат своите противници за првото коло во вторник. УЕФА стандардно ги смести сите клубови во групи, па така сега Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш имаат по пет потенцијални противници.
Стружани се неносител во првото претколо на Лигата на шампионите и сместени се во групата 1. Така македонскиот првак може да игра против: Слован Братислава, Линколн Ред Импс, Њу Сеинтс, Балкани и Борац. Извлекувањето за квалификациите во елитното натпреварување е закажано во вторник во 14:00 часот.
Шкендија и Тиквеш своите ривали во првото претколо на Конференциската лига ги чекаат со поинакви улоги. Тетовчани како носител се во првата група и може да играат против: Вележ, Торпедо Кутаиси, Малишева, Ноах и Ислоч. Од друга страна Тиквеш како неносител во втората група може да се судри со: Брејдаблик, Дуделанж, Тре Пене, Сен Џозеф и Крусеидерс.
Извлекувањето за првото квалификациско коло во Конференциската лига е закажано во 16:00 часот во вторник.