1,4K
Грнчаров и Глигоров денеска ги продолжија договорите со Вардар.
„Фудбалскиот клуб Вардар денеска ги продолжи договорите со двајца свои искусни играчи. Станува збор за капитенот Бобан Грнчаров како и за заменик капитенот Никола Глигоров кои што се обврзаа за нова верност кон „црвено-црниот“ клуб. Тие во Вардар со новите договори ќе останат до јуни 2018 година“ – стои во официјалното соопштение на клубот.
Грнчаров до сега има одиграно 111 официјални натпревари во дресот на Вардар, додека Глигоров е рекордер од сегашните играчи и до сега одиграл 178 меча во „црвено-црниот“ дрес.