Фудбалерите на Победа го совладаа Вардар и веднаш добија нова опрема (ФОТО)

by
1 минути читање

Триумфот над Вардар носи позитивна енергија во Победа во пресрет на продолжението од сезоната кога ќе се води главната битка за опстанок во лигата. 

Од прилепскиот клуб стигнува соопштение дека играчите денеска добиле нова тренинг опрема:

„По вчерашната победа над Вардар во 21-то коло на Првата лига фудбалерите на Победа новата работна недела ја започнаа со денешниот попладневен тренинг. Пред неговиот почеток во клупската соблекувална ги посети Г-ѓицата Ирена Јакимоска, коспоственик на ,,Комфи Ангел,, една од компаниите спонзори на ФК Победа. Таа на фудбалерите им подари по два комплети за секојдневен тренинг со што ќе имаат зголемен фонд на опрема, а истовремено ќе се олесни и функционирањето на економатот“.



Фото: ФК Победа

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани