Милан ја совлада Фиорентина, деби погодок за Деулофеу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од 25. коло во Серија А, „Росонерите“ пред своите фанови вечерва го
добија дуелот со Фиорентина.

Со голот на
Куцка, домаќините поведоа со 1-0 во 17. минута, но за кратко време гостите се
вратија преку Калиниќ.

По половина час
игра, Деулофеу го постигна својот деби погодок во Серија А и го врати Милан во
предност од 2-1, резултат кој остана непроменет до последниот свиреж.

Претходно, Рома
ја наполни мрежата на Харт и Торино и со победа од 4-1 стигна до нови три бода.

Џеко го отвори резултатот во 10. минута,а 
Салах зголеми на 2-0. Паредес со прекрасен гол од преку 25 метри донесе
предност од 3-0 во 65. минута.

Лопез во 84.
минута постигна почесен гол за гостите, а точка на натпреварот стави Наинголан
во судиското надополнување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани