Саки и „Игра на Тронови“: Кралот Барса е мртов, Реал ќе биде нов владател

by
3 минути читање

„Каталонците“ во
вторникот доживеаја катастрофа на гостувањето во Париз, загубија со 4-0 и се на
прагот на елиминација во Лигата на Шампионите уште во осминафиналето.

На Барса не и оди
најдобро ниту во Примера, таму Реал Мадрид има предност од еден бод, но и два
натпревари помалку.

Во разговор со
Газета дело Спорт, Ариго Саки вели дека се ближи крајот на ерета на Барселона и
наскоро Европа ќе добие нов владател – Реал Мадрид.

„Кралот умре –
Барселона“
– вели италијанската легенда. „Друг владател ќе воспостави
доминација – Реал Мадрид“.

„Но има простори
и за други да седнат на тронот. Мислам дека и Јувентус може да замеша прсти. Но
Реал Мадрид е најсериозен кандидат за титулата“.

„Веќе подолго
време, Барселона не е Барселона. Лесно ги победуваат малите тимови, но се мачат
со силните. Повеќе не го гледаме оној амбициозен, организиран и агресивен тим
на кој се восхитувавме 10 години, кој прикажуваше прекрасни партии“.

„Тие делеа
фудбалски лекции низ целиот свет. Но тоа сега е завршено“.

Ариго Саки исто
така вели дека ниту Лео Меси повеќе не може да биде толку доминантен како што бил во минатото.

„Ниту Лео Меси
повеќе не може толку лесно да ги поминува противничките играчи бидејќи целата машинерија
е расипана“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани