Официјално: Давид Бабунски потпиша за Јокохама

by
1 минути читање

Тоа што се очекуваше од денеска е и официјално, Давид Бабунски кариерата ја продолжува во Јапонија, во тимот на Јокохама.

„Јокохама со задоволство може да соопшти дека потпиша со Давид Бабунски од Црвена звезда“ – стои во соопштението на клубот.

Македонецот е задоволен од трансферот на далечниот исток.

„Од првиот момент откако се отвори можноста да дојдам во Јапонија јас одлучив. Ја сакам оваа земја, културата тука. Екстремно сум благодарен на Јокохама за можноста која ми ја даде да продолжам да ја развивам мојата кариера тука. Дојдов да ги ставам на располагање сите мои знаења и залагања во прилог на тимот. Ќе се бориме заедно да оствариме нашите цели и да ги радуваме нашите фанови“ – изјави Бабунски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани