Манчестер јунајтед донесе конечна одлука за Керик!

by Стефан
1 минути читање

Бидејќи по неколку многу слаби настапи оваа сезона, со само една победа во Премиер лигата во досегашните осум кола, се очекуваше Мајкл Керик да добие отказ, особено затоа што нема висока плата и за Манчестер јунајтед не би претставувало голем финансиски проблем веднаш да му го исплати целиот договор.

Сепак, на „Олд Трафорд“ имаат трпение. По ужасниот натпревар против Борнмут на домашен терен (0:3), Мајкл Керик повторно ја доби големата доверба од управата на клубот. Тој ќе го предводи тимот против Челси на „Стемфорд Бриџ“ во сабота.

Да потсетиме, и пред поразот од Борнмут, Манчестер јунајтед загуби убедливо на гостувањето кај Комо во рамките на Лигата на шампионите, со резултат 4:1.

Керик беше особено на удар на критиките откако Бруно Фернандеш беше изоставен од составот за натпреварот против Борнмут. Сето тоа се случи откако Бруно ја коментираше тактиката за натпреварот против Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×