Поранешниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Илија Несторовски според статистичарите во Хрватска на 36 години е фудбалерот со најмногу освоени дуели во првите осум кола од првенството.
Несторовски успеал да добие 52 дуели со противничите дуели и зад себе ги оставил: Лука Врбанчиќ од Осијек, неговиот соиграч Јосип Митровиќ, Лури Таварес од Вараждин и Танасис Триантарфлој од редовите на Локомотива.
Покрај тоа што овие бројки ја покажуваат големата борбеност, Несторовски зад своето име има и пет постигнати гола со што е на делба на третата позиција помеѓу стрелците.