Официјални состави: Седлоски со офанзивен состав против Швајцарија!

by riste
0 минути читање

Гоце Седлоски и Мурат Јакин ги одбраа стартерите за денешниот натпревар меѓу Македонија и Швајцарија од Лигата на нации.

Македонскиот селектор се одлучи за офанзивен состав.

Најистурен во нападот ќе биде Растодер, а зад него ќе делува Миовски. По страните ќе бидат Елмас и Костадинов.

Во средниот ред е дебитантот Гаштаров и Барди. Бекови се Илиевски и Ерера, а централни дефанзивци Муслиу и Зајков. На голот стандардно е Димитриевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×