Ламин Јамал има нова причина зошто треба да ја освои „Златната топка“

by bojan
1 минути читање
Ламин Јамал го постигна својот прв гол на Светските првенства

Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал повторно ја повтори својата желба да ја освои „Златна топка“, тој наведе нова причина, речиси никој друг не ја забавува публиката како него.

„Франс Фудбал“ следниот месец ќе ја додели престижната „Златна топка“ за најдобриот фудбалер во светот, но до крајот на гласањето има уште неколку дена.

Изминатиов период, двајца фудбалери се насекаде во медиумите, Килијан Мбапе и Ламин Јамал отворено зборуваат за своите амбиции и желба да ја подигнат „Златната топка“ и изнесуваат бројни аргументи во своја корист.

Во последното интервју на Ламин Јамал, ѕвездата на Барселона и Шпанија наведе нова причина зошто тој треба да биде прогласен за играч на годината.

„Денес има малку играчи кои играат како мене и ја забавуваат публиката на начинот на кој ја го правам тоа. Сметам дека и ова треба да се вреднува кога се одлучува кој ќе ја освои „Златната Топка“. Не само кој е најдобар, туку и кој ви носи најголемо задоволство додека го гледате како игра. Тоа е она што ме издвојува од другите“ – вели Ламин Јамал.

Тој се осврна и на критиките што ги доби поради тоа што отворено побара да ја освои наградата и се стави себеси меѓу најдобрите во светот.

„Не ми е гајле за критиките, јасно го кажав моето мислење и не жалам за тоа. Ова сум јас и ќе продолжам да бидам таков до крајот на кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×