„Кралевите“ го има првиот сериозен турбулентен период оваа сезона, а во клубот веќе жалат поради една одлука од летниот преоден рок.
Минатата сезона Чаби Алонсо, а потоа и Алваро Арбелоа, не успеаја целосно да го стабилизираат тимот. Жозе Мурињо засега ја има поддршката од соблекувалната, што за управата на клубот претставува важен чекор во обидот повторно да воспостави ред во тимот.
Сепак, проблемите на теренот остануваат. Реал има огромен број квалитетни фудбалери, но составот и понатаму не изгледа доволно балансиран. Куртоа често мора да го спасува тимот, поради дупките во одбраната, средниот ред не успева целосно да ја преземе контролата врз играта, а во нападот ѕвездите сè уште не функционираат како целина.
Винисиус Жуниор има проблеми со формата, додека Мбапе постигнува голови, но често е критикуван поради придонесот во дефанзивата.
Мурињо во текот на летото побарал уште еден дефанзивец и квалитетен играч за врска, но управата не успеала да ги исполни неговите барања.
Особено голема желба беше Родри, Шпанецот совршено се вклопувал во профилот што му бил потребен на Мурињо – искусен, квалитетен, лидерски настроен и способен да ја контролира играта од средината на теренот.
Токму таков играч му недостига на Реал по заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ. Сепак, иако трансферот бил близу до реализација, Родри на крајот се премисли и реши да ја избере Барселона.
Родри одлично се вклопил во тимот на „каталонците“ и полека се наметнува како еден од лидерите во средниот ред, додека пак во Реал Мадрид, сè погласно се зборува за проблемот на оваа позиција.
Па на „Бернабеу“ жалат што не успеале да го доведат Родри, особено откако Шпанецот веднаш почнал да покажува квалитет на „Камп Ноу“.
Дополнително, по неуспехот да се ангажира Родри, Реал не тргна по соодветна алтернатива и ова предизвикува голема фрустрација.