Медиумите од Германија пренесуваат дека новиот селектор на „панцерите“ Јирген Клоп веднаш наметнал низа строги правила за кои нема простор за преговарање.
Јирген Клоп имаше неколку атрактивни понуди на маса за да се врати на тренерското столче, но постојано велеше НЕ, се додека на неговата врата не тропна Германија.
По неуспехот на „панцерите“ на Светското првенство во САД и отказот на Јулијан Нагелсман, тој без двоумење го прифати предлогот да стане селектор на својата репрезентација.
Стратегот е познат по својот силен карактер, па сака да воведе промени во секој сегмент, неговата цел е Германија да работи попрофесионално, подисциплинирано и со многу појасна структура од претходно.
Како што пренесува „Билд“, воведени се низа строги правила за кои нема простор за преговарање.
Јирген Клоп инсистира на максимална дисциплина и точност, вечерата е закажана во 19 часот, а секое доцнење се санкционира.
За разлика од пофлексибилниот пристап на Јулијан Нагелсман, тој сака играчите да поминуваат повеќе време заедно и да ја подобра комуникацијата меѓу себе. Затоа е забрането користење на мобилните телефони за време на масажата и загревањето.
Исто така, личните фризери повеќе нема да имаат пристап до тренинг центарот и хотелите пред натпреварите, за нив вратите ќе бидат затворени. Фудбалерите ќе треба да се погрижат за сојот изглед пред да пристигнат на собирот на репрезентацијата.
Јирген Клоп ги ограничил и семејните посети, бидејќи сака максимално да ја зајакне тимската поврзаност и да го елиминира секое надворешно влијание. Во неговата ера привилегиите се минато, а новиот стручен штаб функционира според строги правила и дисциплина.
ФОТО: FB/Germany Football Team