129
Феде Валверде има повреда на зглобот заработена од стартот на Канг-Ин Ли, уругвајскиот фудбалер неколку недели ќе биде надвор од теренот.
Реал Мадрид доцна синоќа ја соопшти повредата и извести дека ќе бидат извршени дополнителни тестови.
„Ел Мундо“ напиша дека зглобот на Валверде е „голем како топка“. Докторите на Реал Мадрид треба да почекаат 24-48 часа за отокот да исчезне, а дури потоа да се утврди колку е сериозна повредата.
Првичните прогнози се дека Валверде неколку недели ќе биде надвор од теренот.
Тоа значи дека тој дефинитивно ќе ги пропушти обврските со репрезентацијата на Уругвај, но Реал се надева дека Валверде ќе биде фит кога клупскиот фудбал ќе се врати на сцена.