18
Јувентус им се врати на победите откако со 2-0 ја совлада Аталанта во дербито кое се играше во Торино, Елиф Елмас имаше симболичен настап.
Резултатот беше отворен во 28. минута со гол на Консеисасо. Јуве поведе со 1-0, тоа беше и резултатот од првото полувреме.
Во 77. минута Бремер зголеми на 2-0. Веќе беше јасно кој ќе го добие натпреварот.
Елиф Елмас во игра влезе во 84. минута, кога прашањето за победникот веќе беше решено. Аталанта немаше сили за враќање.