Португалскиот второлигаш, Торенсе, продолжува со резултатите кои за само неколку месеци го претворија во една од најнеобичните европски фудбалски приказни.
Откако минатата сезона стана сензационален освојувач на португалскиот Куп победувајќи против Спортинг, сега со победа го почна и својот прв настап во европските натпреварувања. Во првото коло од Лига Европа славеше на гостувањето кај Лилестром со 2-1.
Торенсе е клуб од Торес Ведраса, град северно од Лисабон. Основан е во 1917 година. Во најдобрата португалска лига поминал само шест сезони, последен пат во 1991/1992. Најдобар резултат им е седмо место во Првата португалска лига. Во втората лига се вратија во 2022 година откако завршија први во Лига 3. Нивниот стадион е со капацитет од нешто повеќе од 2.400 гледачи.
Минатата сезона беа блиску до уште еден голем резултат. Завршија трети во втората лига и изборија плејоф за влез во елитата, но не успеаа, загубија и не изборија учество во Прва лига.
Но, го направија најголемиот успех во нивната историја, во финалето од Купот на Португалија го совладаа големиот Спортинг со 2-1 и го кренаа пехарот. Со овој успех обезбедија место во Лига Европа.
Торенсе испиша историја, стана првиот клуб од втората лига кој го освоил купот на оваа земја.
Бајката продолжи синоќа кога победија на своето деби во Европа откако славеа со 2-1 на гостувањето кај Лилестром.
𝑬́𝑷𝑰𝑪𝑶! 𝑯𝑰𝑺𝑻𝑶́𝑹𝑰𝑪𝑶! 💫#LSKSCUT | ⏹️ A probabilidade falhou: três pontos para o Torreense na estreia na UEFA Europa League.
— SCU Torreense (@scu_torreense) September 17, 2026
⚽️ Alfaro 23’
⚽️ Manu Pozo 49’
𝐕𝐚𝐦𝐨𝐬 𝐞𝐪𝐮𝐢𝐩𝐚! 🔵🔴#SouTorreense #UEL pic.twitter.com/QmWeyP6UzX
Но, интересно, иако се второлигаш, нивниот тим според Трансфермаркт вреди 19,5 милиони евра. Сума која е голема за клуб од овој ранг во Португалија.
Пример, тие вредат повеќе отколку Лилестром чија вредност се проценува на 14,9 милиони евра.