Челси до крајот на месецот продава 11 фудбалери за фантастични 500 милиони?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ велат дека ќе има голема „чистка“ на Стемфорд Бриџ до крајот на месецот, можат да бидат продадени дури 11 фудбалери и да бидат инкасирани фантастични 500 милиони фунти.

„Сините“ се клуб кој има огромен ростер, па секое лето на излезна врата се многу играчи.

Така се очекува да биде и сега, медиумите од „островото“ најавуваат голема „чистка“ и можност до крајот на месецот да заминат дури 11 играчи. А доколку се исполни проценката на клубот, можат да бидат инкасирани фантастични 500 милиони фунти.

Прв на излезна врата е Трево Чалоба, договорен е негов трансфер во Комо вреден околу 31 милион фунти.

Акесл Дисаси може да замине за 25 милиони фунти, додека цената на Беноа Бадиашил е околу 35 милиони фунти.

Мало Густо не се смета за незаменлив, и доколку пристигне примамлива понуда од околу 75 милиони фунти и тој ќе биде продаден.

Слична е ситуацијата и со Педро Нето, па иако во клубот се задоволни од неговите настапи, Португалецот не е недопирлив и има цена од 70 милиони евра.

Енцо Фернандез останува еден од најважните во тимот, но и тој би можел да замине доколку на маса бидат ставени 120 милиони фунти.

Челси планира да се раздели и со неколку напаѓачи, на листата се Лиам Делап, Николас Џексон, Марк Гиу, Еманеул Емега и Давид Датро Фофана.

11 фудбалери на Челси кои би можеле да бидат продадени за вкупно околу 500 милиони фунти:

Трево Чалоба – 31 милион фунти
Беноа Бадиашил – 30 милиони фунти
Аксел Дисаси – 25 милиони фунти
Мало Густо – 75 милиони фунти
Енцо Фернандез – 120 милиони фунти
Педро Нето – 70 милиони фунти
Лиам Делап – 30 милиони фунти
Николас Џексон – 65 милиони фунти
Марк Гиу – 25 милиони фунти
Емануел Емега – 20 милиони фунти
Давид Датро Фофана – 3 милиони фунти

Можно е и ова да ти се допаѓа

×