Само за да биде по вкус на Њукасл: Бруно Гимараеш се врати на тренинг и веднаш е продаден на Арсенал

by bojan
1 минути читање
Бруно Гимараеш сака да го промени Њукасл со Арсенал

Голем број на извори пренесуваат дека Арсенал и Њукасл си подале рака за трансфер на Бруно Гимараеш во зделка вредна околу 75 милиони фунти.

Заврши трансфер сагата на Бруно Гимараеш, Арсенал и Њукасл ги испеглаа деталите и постигнаа договор за трансфер на Бразилецот.

За да се покаже дека Њукасл ја контролира ситуацијата, Бруно Гимараеш оваа недела беше принуден да се појави на подготовките за новата сезона, но за брзо време ќе треба да си ги пакува куферите.

Веста прв ја пренесе новинарот Ли Рајдер од „Хроникал Лајв“, кој објави дека Њукасл и Бруно Гимараеш решиле пријателски да се разделат.

Бразилецот уште еднаш ги известил директорите и новиот тренер Матијас Јаисле дека сака да ја промени средината и дека нема намера да стави потпис на нов договор.

Па Њукасл си подал рака со Арсенал за зделка вредна околу 75 милиони фунти, без бонуси. Кратко потоа следеше и позната објава „Here we go“ на Фабрицио Романо

Можно е и ова да ти се допаѓа

×