86
Швајцарија ќе биде без својот најдобар стрелец Јохан Манзамби во четвртфиналниот дуел против Аргентина на Светското првенство.
Напаѓачот не успеа да се опорави од повредата на коленото и ќе го пропушти вториот натпревар по ред, откако не настапи ниту во осминафиналето против Колумбија.
Манзамби досега беше еден од најзаслужните за одличниот настап на Швајцарија со три гола и две асистенции на турнирот, па неговото отсуство претставува голем хендикеп за селекцијата на Мурат Јакин.
Швајцарците ноќва од 03:00 часот ќе се соочат со Аргентина во битка за место во полуфиналето.