Селекторот на Египет ги прекрсти рацете, еве што значи тоа

by 24 фудбал
1 минути читање

Во драматичната завршница од осминафиналниот натпревар меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство, вниманието го привлече необичниот гест на египетскиот селектор Хосам Хасан.

По победничкиот гол на Аргентина за 3-2, кој го постигна Енцо Фернандез настана мешаница пред египетската клупа, а Хасан ги крена рацете и ги прекрсти во форма на буквата „Х“.

Иако на прв поглед изгледаше како реакција кон судијата или противникот, станува збор за официјалниот сигнал на ФИФА за пријавување расистичко или дискриминаторско однесување. Овој знак е дел од новиот антирасистички протокол на ФИФА. Со прекрстување на рацете во форма на буквата „Х“, играчите, тренерите и службените лица можат да го известат главниот судија за можен расистички инцидент и да побараат активирање на предвидените процедури.

Хасан по натпреварот посочи дека за време на прославата на голот на Аргентина биле упатени расистички навреди, поради што го употребил официјалниот сигнал на ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×