По драматичната елиминација од Светското првенство, селекторот на Египет, Хосам Хасан, жестоко го нападна судењето и организаторите на турнирот.
Египќаните имаа предност од 2-0 и беа на чекор до пласман во четвртфиналето, но Аргентина направи неверојатен пресврт и со гол во 93. минута славеше со 3-2.
Разочараниот Хасан по последниот свиреж не го криеше незадоволството и испрати тешки обвинувања, алудирајќи дека исходот на натпреварот бил однапред одреден.
„Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа. И сакам да кажам уште нешто. Ако толку многу сакаат Аргентина да победи, тогаш зошто воопшто покануваат други да учествуваат?“, изјави селекторот на Египет.
Неговата реакција доаѓа по натпреварот кој предизвика бројни дискусии поради неколку спорни судиски одлуки, а останува да се види дали неговите изјави ќе повлечат и дисциплинска постапка од страна на организаторите.