Тренерот на Купс: Вардар доминира во Македонија, целта е да оствариме поволен резултат во Скопје

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Купс, Мика Нутинен вели дека добро го анализирале Вардар, очекува тежок двомеч, но верува дека можат до поволен резултат во Скопје.

Вардар утре го пречекува Купс на „Тодор Проески“ во првиот натпревар од 1. коло во квалификациите во Лигата на шампиони.

Тренерот на гостите од Финска, Мика Нутинен истакна дека тие се целосно подготвени за европскиот предизвик, и очекува позитивен резултат и покрај тоа што го опиша Вардар како клубот кој доминира во Македонија.

„За нас ова е голем натпревар и сме подготвени за предизвикот. Се наоѓаме во натпреварувачки ритам, но мислам деака тоа нема да биде пресудно, исто како што нема да биде пресудно ниту топлото време во Скопје“ – рече Мика Нутинен на средбата со новинарите.

„Гледавме многу натпревари на Вардар. Очекуваме тим кој знае да игра со топката, има квалитетен напаѓач и одлични бекови на двете страни. Вардар е клуб кој доминира во Македонија и добро сме запознаени со неговите квалитети“.

„Доаѓаме во добра форма, иако тоа не мора да биде одлучувачки фактори. Знаеме дека Вардар е силен на домашен терен, но имаме добри шанси да го добиеме овој двомеч. Целта е да оствариме поволен резултат во Скопје, а потоа да ја завршиме работата пред нашите навивачи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×