Бразил вечерва од 22 часот ќе го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Норвешка, избраниците на Карло Анчелоти можеби важат за фаворити, но Норвежаните се сериозна селекција и можат да изненадат секого.
Освен тоа на Бразилците не им оди во прилог и една негативна традиција. Имено, последната европска репрезентација која Бразил ја победил во нокаут-фаза на Светско првенство е Германија во 2002 година, во финалето во Токио.
Од тогаш, „кариоките“ редовно испаѓаат од европски селекции на завршните турнири. Во 2006 година Франција ги победи со 1-0 во четвртфиналето, четири години подоцна во Јужна Африка, Холандија беше подобра со 2-1, а потоа следеше и историскиот пораз од Германија во Бело Хоризонте, кога домаќинот беше декласиран со 7-1 во полуфиналето.
Во Русија, Бразил загуби од Белгија со 2-1 во четвртфиналето, додека во Катар беше елиминиран од Хрватска по изведување пенали, исто така во четвртфиналето.
🇧🇷 Brazil in WC knockout stages after winning the 2002 FIFA World Cup:
— Football Meets Data (@fmeetsdata) July 5, 2026
▪️ vs non-European teams (7/7 ✅):
✅ 2006 R16 🇬🇭 Ghana
✅ 2010 R16 🇨🇱 Chile
✅ 2014 R16 🇨🇱 Chile
✅ 2014 QF 🇨🇴 Colombia
✅ 2018 R16 🇲🇽 Mexico
✅ 2022 R16 🇰🇷 South Korea
✅ 2026 R32 🇯🇵 Japan
▪️ vs European…