Легендарниот голман, Хосе Луис Чилаверт излезе со нови контроверзни коментари и одново ги помина границите откако изјави дека Парагвај вечерва за противник на Светското првенство ќе ја селекција од Африка, а не Франција.
Хосе Луис Чилаверт го навлече гневот на Французите во пресрет на пресметката помеѓу „триколорите“ и Паргвај во осминафиналето на Светското првенство.
Поранешниот голман повторно излезе со нови контроверзни коментари кои ја разбрануваа јавноста.
Се започна со една изјава на Кристоф Дугари, кој предвидува дебакл на Парагвај.
„Ќе го прегазиме Парагвај. Единствено ќе се обидат да се бранат, бидејќи се неспособни, ќе повторам уште еднаш за да биде кристално јасно, неспособни се за да создадат нешто во нападот. Во офанзивата се права катастрофа“ – рече поранешниот фудбалер, кој со Франција играше против Парагвај на мундијалот во 1998.
Очигледно на Хосе Луис Чилаверт не му се допадна ова, па жестоко врати: „Да, во право си Кристоф. Но на Светското првенство во 1998 игравме против Франција, сега Парагвај ќе игра против селекција од Африка!“.
ФОТО: X/Equipe de France