Англија, Мексико, Бразил и Норвешка не се сложија – ФИФА нема да менува термини!

by riste
1 минути читање

Четирите селекции не го прифатија планот на ФИФА за поместување на термините за осминафиналните натпревари на Светското првенство.

Поради најава за невреме, ФИФА дојде на идеја мечот меѓу Англија и Мексико да почне шест часа порано од предвиденото. Со тоа требаше да биде поместен и дуелот меѓу Норвешка и Бразил за час или два подоцна.

Ваквата идеја на ФИФА падна во вода откако селекциите не се сложија. Тие сметаат дека со тоа се нарушува планот за подготовки и се скратува времето за одмор.

Дополнително, загрозени беа и дел од фановите кои своите конекции да стигнат на стадионот ги планирале за првично утврдените термини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×