29
Лео Меси вели дека не го потцениле противникот, напротив знаеле дека нема да биде лесно да се победи селекцијата на Зеленортските Острови која на хартија беше голем аутсајдер.
На Аргентина ѝ требаа дури 120 минути за да ја помине репрезентацијата на Зеленортските Острови. Шампионот добро се испоти за да ја оствари целта.
„Веќе знаевеме дека ќе биде многу тешко. Не беше случајност што тие не загубија од Шпанија и Уругвај“, вели Меси.
„Ова се нокаут натпревари, никој ништо не ти дава лесно“.