Роналдо го тешеше емотивниот Модриќ по елиминацијата на Хрватска (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ најверојатно го одигра последниот натпревар во дресот на Хрватска. По елиминацијата од Португалија во шеснаестинафиналето на Светското првенство, легендарниот играч за врска не можеше да ги сокрие емоциите и со солзи го напушти теренот.

По последниот судиски свиреж, меѓу првите кои му пријдоа беше неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Двајцата се прегрнаа, а Португалецот по натпреварот откри што му порачал на Модриќ.

Играв со Модриќ многу години. Прекрасно е да се види дека уште игра на највисоко ниво. Му посакав сѐ најдобро во понатамошниот дел од кариерата“, изјави Роналдо.

Модриќ и Роналдо делеа соблекувална во Реал Мадрид од 2012 до 2018 година, период во кој заедно освоија четири трофеи во Лигата на шампионите и испишаа една од најуспешните ери во историјата на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×