Диего Марадона, една од најголемите фудбалски легенди на сите времиња, уште во 2018 година изнесе неверојатно прецизно предвидување за Светското првенство што моментално се одржува во САД, Мексико и Канада.
Аргентинската икона тогаш тврдеше дека организаторите, поради рекламите и комерцијалните интереси се обиделе да го поделат фудбалот во четири четвртини поради реклами за Мундијалот во 1994 година кој исто така се играше во САД. Токму поради тоа изрази незадоволство што повторно Светското првенство беше доделено на Американците.
„Не ми се допаѓа тоа, нема тука страст. Канаѓаните се добри скијачи, а Американците сакаа да воведат четири четвртини од по 25 минути поради реклами. На крај ќе играме 100 минути“, изјави Марадона.
Иако форматот на натпреварувањето не беше буквално променет во четири дела, воведени се паузи за хидратација на фудбалерите поради екстремните температури, кои воедно станаа и можност за дополнителни телевизиски реклами. Дополнително, натпреварите со големи судиски продолженија сега редовно траат околу или над 100 минути, токму како што предвидел легендарниот Аргентинец.
No es Inteligencia Artificial
— Apple (@javisensation) July 2, 2026
Maradona opinando sobre el Mundial 2026 en el año 2018 junto a Víctor Hugo. Los americanos quisieron hacer 4 tiempos de 25' para meternos publicidad #mundialdefútbol2026 #fifaworldcup2026 pic.twitter.com/OdGl2TeviX